Директорот на фирмата АБЦ на web страницата на банката наоѓа информации за новите услови
на кредитирање. Во тој момент на неговит e-mail e пристигната порака со известување за
девизни прилив.
Еден "клик" на известувањето го носи на web страницата каде
издава налог за продожба на девизни средства и пренос на својата жиро сметка.
Средствата се на сметката и сега може да започне договорената зделка.
Само уште еден електронски налог за плаќање и деловниот партнер ги добива долго очекуваните
средства.
На партнерот, кој се брза на важен состанок, му стигнува
SMS порака на мобилниот телефон - "Имате прилив на вашата сметка...",
тој брзо реагира и користи WAP опција за да издаде налог за пренос на
средства на фабриката за производство на компоненти и потоа се јавува во
фабриката да ги информира за уплатата.
Финансискиот директор во фабриката е можеби човек кој не ги сака компјутерите, но
веднаш го врти бројот на Call Centar-от, автоматскиот говорен сервис му
ја потврдува уплатата и предложува праќање потврда преку факс, за неколку минути
факсот звони, а потврдата е тука и испораката може да почне.
По добро завршената работа учесниците во оваа наша приказна можат да ја
проверат состојбата на своите тековни сметки, да ги платат месечните сметки
за телефон и други услуги.
Банката добива анализа на активности за нејзините корисници и одлучува
да воведе нови погодности кои ќе им го олеснат делувањето. Деловната политика и иницијатива на
банката во последните шест месеци наоѓаат оправдување во резултатите од извештајот.
I-BankTM не нуди само нови технологии, туку и нов начин на работање!!
|