Што е ISO 9000?
Билјана K. 1 Септември 2001 ISO стандардите нудат практични решенија за голем број проблеми во земјите во развој. Земјите во развој, како и оние држави чии пазари се во транзиција од централизирана кон пазарна економија сочинуваат три четвртини од членките на ISO. За нив, ISO стандардите се важен извор на технолошки know-how за развој на економијата и за покренување на капацитетите кон извоз и кон вклучување во натпреварот на глобалните пазари.
Со оглед на ресурсите што ги поседуваат, овие земји може да наидат на тешкотии при пазарењето во ISO, колку и да сакаат побезбедно да ја воспостават нивната национална стандардизирана инфраструктура. ISO им излегува во пресрет кога тие се соочуваат со овие предизвици и ги одредува:
-бенефициите за земјите во развој кога ги имплементираат меѓународните стандарди
-ISO им помага да партиципираат во развој на стандардите
-ISO програмите за тренинг, специјалните публикации и другите активности им помагаат на земјите во развој да изградат сопствена стандардизирана инфраструктура.
Кои се бенефициите од стандардизацијата за земјите во развојЕден од начините да им се помогне на земјите во развој е да се асистира при воспоставувањето стандарди. Со имплементацијата на меѓународните стандарди и партиципирањето во нивниот развој, земјите во развој учат како да си помогнат себе си. Земјите во развој, генерално имаат редуцирани ресурси. Затоа, во потребата да се инвестира во нив повнимателно се приоѓа отколку во силните економии, бидејки не постои простор за апосорбирање на грешките. Доколку се направи погрешен избор, тоа може да предизвика сериозни економски или социјални консеквенци, како на пример:
-увезената технологија може да се случи да биде нестабилна за локални услови и тоа ќе претставува одлив на инвестиции во програмите за индустриски развој.
-напорите за извоз на локланите производи не даваат резултати, бидејки не ги исполнуваат условите или критериумите на потрошувачите на странските пазари
-се трошат драгоцени суми странски валути за увоз на софистицирани производи, поради техничките критериуми, додека локалната понуда не е достапна.
Меѓународните стандарди развиени од ISO им нудат на земјите во развој практични решенија за ваквите проблеми, бидејќи тие претставуваат резервоар на технолоши know-now за прозиводите, подготовка, квалитетот, сигурноста, заштита и спецификациите за животната средина. Карактеристика на стандардите е што се постигнати и усогласени со меѓународен конгрес до ниво на уметност. Имплементацијата на ISO стандардите за земјите во развој ги донесува следните предности:
-избегнување на трошоците во смисла “откривање топла вада”
-обезбедување критериуми за разумен избор при проценките на понудата од странските пазари, било да се работи за техноилогија или за производи за потрошувачка
-заштита на јавните добра и заштита при воспоставување база барања за апликација на локалните и увезените производи во регулираните области
-спроведување на меѓународно прифатените спецификации кои можат да се имплементираат во развојот, производството и маркетингот на локланите стоки и услуги и маркетингот на локалните стоки и услуги, што ќе помогне во зголемување на способноста на земјата да се натпреварува при извозот на светските пазари.
Всушност, со партиципирањето во развојот на меѓунардоните стандарди, земјите во развој можат да сметаат на реализација и на други бенефиции, како што се можности за:
-директно барање за технолошки know-how
-влијание врз техничката содржина на стандардите важни за нивната економија
-изградба на нивната национална инфраструктура со помош на туѓите искуства при стандардизацијата.
Полесно вклучување во ISO
За да им се помогне на земјите во развој да ги искористат бенефициите од меѓународните стандарди, ISO воспостави две категории на членство за земјите со помали ресурси: коресподенти и претплатници. Членовите во двете категории плаќаат редуцирана чланарина. Исто така, тие немаат право на глас, но можат да учествуваат во развојот на стандардизацијата. Членките коресподенти вообичаено се организации во земјите кои се уште немаат целосно развиена активност на домашен план. Членките коресподенти не учествуваат активно во развојот на ISO стандардите, но целосно се информирани со работите во врска со нивните интереси. Членките претплатници се институции од земјите со мала економија кои сакаат да останат во контакт со меѓународната стандардизација.
ISO GlossaryReliability engineering: Инжинеринг функција која ги опфаќа принципите и практиките поврзани со дизајнот и спецификацијата на еден прозивод или систем кјој се соочува со барањата инволвирани од аспект на проценките, производството, предвидувањата и демонстрацијата.
Repair/Поправка: Акција кој се превзема врз еден производ за тој да ги исполни сите услови за употреба, а исто така продуктот не мора да одговара на оргиналните барања.
ReworkПреработка: Акција превземена врз еден производ за тој да може да ги исполни специфичните барања пред да биде пуштен во дистрибуција.
Sample/Примерок: Еден или повеќе индивидуални мерки селектирани од output-от во процесот со цел да се идентификуваат карактеристиките или перформансите на целата постапка.
Sigma: Грчка буква која се употребува да се означи проценка на девијација на стандардот.
Simulation/Симулација: Практика да се копира дел или целото однесување на еден систем со различен систем.
Simulaneous Engineering/ Симултан Инженеринг: Начин на симултано дизајнирање прозиводи и процес за нивно производство, во кои се користат кросфункционални тимови за да се осигура производството и да се редуцира времето на циклусот.
SMWT/Self-managet work teams: Тим кој само работи и се раководи.
Special Cause/ Посебни причини: Извор на разни варјации кои се непредвидливи и несигурни.
Specification/Спецификација: Докумен кој ги опишува барањата со кои производот или услугата мора да се потврдат.
SQC/Statistical Quality Control: Состојба со која се опишува процес од кој сите специјални причини се отстранети и се евидентирани на контролната карта.
Stenoholder: Индивидуалец или група индивидуалци со заеднички интерес кои дејстуваат во компанијата во која работат.
Standard Deviation/ Девијација на стандардот: Мерка со која се проширува output процесот или се проширува статистиката.