ИНФО/ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
П: Што значи ОБСГНет услугата?
П: Кој може да биде корисник на ОБСГНет услугата?
П: Како да станам корисник?
П: Дали ќе заштедам време со користење на ОБСГНет услугата?
П: Дали ќе добијам насоки или корисничко упатство за користење на услугата?
П: Колку и дали услугата ОБСГНет е комплицирана за користење?
П: Дали мора да одам во Банката за да започнам со користење на услугата?
П: Дали треба да имам сметка во Банката?
П: Како да додадам или избришам сметка?
П: Со кои типови на сметки може да работи физичко лицe?
П: Дали физичко лице може да изврши трансфер на средства во странство ?
П: Колку време е валиден сертификатот?
П: Како да го обновам сертификатот?
П: Што е USB токен уред?
П: Што е M-токен уред?
П: Како и дали можам да ја откажам услугата?
КОНЕКЦИЈА
П: Кои се минималните хардверски и софтверски побарувања за користење на услугата за десктоп апликацијата?
П: Кои интернет пребарувачи можам да ги користам за услугата ОБСГНет?
П: Дали треба да сум приклучен на интернет за да ја користам услугата?
П: Добивам порака дека услугата не е достапна. Што треба да направам?
ПРИСТАП КОН УСЛУГАТА
П: Што ќе се случи ако погрешно ја внесам еднократната лозинка што ја добивам од M-токенот?
П: Што значи пораката "Погрешен активациски код"?
П: Кој треба да биде форматот на мојата лозинка?
П: Добив порака "Корисникот е веќе активиран"?
П: Ако го загубам или ми е украден USB токен уредот дали некој ќе може да го користи?
П: Не можам да се најавам? Порака "The page must be viewed over a secure channel"
П: Не можам да се најавам? Порака "The web page can not be displayed".
П: Добив порака "Непознат корисник"!
П: Добив порака "Заклучен генератор"!
П: Најава со токен. Грешка "Немате авторизиран сертификат"!
П: Добивам порака погрешен ПИН?
П: Добивам порака дека токенот со сертификат е блокиран...
ПЛАЌАЊА
П: Каде е мојот налог?
П: Статусот е "Се праќа кон банката...", дали треба да направам нов налог?
П: Колку време е потребно да се ажурираат моите трансакции и состојбата на мојата сметка?
П: Како да го откажам налогот?
П: Зошто налогот е одбиен?
ИНФО/ФУНКЦИОНАЛНОСТИ
П: Што е ОБСГНет услугата?
О: ОБСГНет е електронски банкарски систем кој можат да го користат правни и физички лица - клиенти на Охридска Банка АД Скопје, кој им овозможува пристап до сметките, преглед на салдата на сметките, плаќања кон сметките од трети лица итн.
П: Кој може да биде корисник на ОБСГНет услугата?
О: Секој клиент на Охридска Банка АД Скопје кој има отворено денарска трансакциска сметка во Банката.
П: Како да станам корисник?
О: За да станете корисник на услугата ќе треба да одите во најблиската експозитура на Банката и да потпишете Договор. Доколку сте физичко лице ќе добиете корисничко име, активациски код. За да пристапите на ОБСГНет потребно ќе биде да ја инсталирате и активирате апликацијата М-токен на вашиот мобилен телефон.
П: Дали ќе заштедам време со користење на ОБСГНет услугата?
О: Секако. Нема да треба да одите до Банката, да чекате на шалтерите, лесно, брзо и комфорно ќе менаџирате со Вашите сметки од вашата канцеларија или од дома.
П: Дали ќе добијам насоки или корисничко упатство за користење на услугата?
О: Да. Насоки за користење или кориснички упатства Би се достапни во Нашите експозитури и на веб страната www.obsgnet.com.mk
П: Колку и дали услугата ОБСГНет е комплицирана за користење?
О: Не. Услугата ОБСГНет воопшто не е комплицирана за користење. Пристапот, прегледноста и едноставноста во чекорите ја прават многу лесна за користење.
П: Дали мора да одам во Банката за да започнам со користење на услугата?
О: Да. Склучувањето на Договорот за користење на услугата се врши лично во Банката.
П: Дали треба да имам сметка во Банката?
О: Да. Услугата ОБСГНет е поврзана со сметките кои ги поседувате во ОБСГ.
П: Како да додадам или избришам сметка?
О: За додавање односно бришење на сметка од Вашиот профил на ОБСГНет потребно е да одите кај Вашиот персонален банкар. Тој, на Ваше барање ќе избрише / додаде сметка.
П: Со кои типови на сметки може да работи физичко лица?
О: Физичките лица можат да работат со своите трансакциски сметки, депозити - орочени и неорочени и со своите платежни картички.
П: Дали физичко лице може да изврши трансфер на средства во странство?
О: Физичко лице не може да изврши трансфер на средства во странство преку ОБСГНет.
П: Колку време е валиден сертификатот?
О: Сертификатот ќе биде валиден една година од датумот на издавање, а 30 дена пред истекот на валидноста ќе треба истиот да го обновите.
П: Како да го обновам сертификатот?
О: Обновувањето на сертификатот ќе го правите Вие преку интернет. За тоа ќе добиете линк каде да го обновите сертификатот, 30 дена пред истекот на сертификатот. Со самото тоа ќе бидете навремено известени и потсетени дека Вашиот сертификат истекува и дека треба да биде продолжен.
П: Што е USB токен уред?
О: USB токен претставува уред на кој е сместен дигиталниот сертификат и служи за потврда на идентитетот при користење на услугата.
П: Што е М-токен?
О: М-токенот е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен уред, телефон или таблет а служи за идентификација на корисникот и потврда на трансакции (плаќања) во системот за електронско банкарство за физички лица. Апликацијата e достапна преку преку Google Play Store и/или Apple App Store.
П: Како и дали можам да ја откажам услугата?
О: Да. Можете да ја откажете услугата во секое време во екпузитурите на Банката после исполнување на Вашите обврски во однос на услугата.
КОНЕКЦИЈА
П: Кои интернет пребарувачи можам да ги користам за услугата ОБСГНет?
О: За веб решенијата за правни и физички лица препорачливо е да се користат: Internet Explorer ver. 6, ver. 7, ver. 8, Mozzila FireFox
П: Дали треба да сум приклучен на интернет за да ја користам услугата?
О: Да. Мора да сте приклучени на интернет за да ја користите услугата.
П: Добивам порака дека услугата не е достапна. Што треба да направам?
О: Проверете ја Вашата интернет конекција или јавете се на телефонскиот број за корисничка поддршка 046/261-000 во Банката за да добиете информација за причината.
П: Кои се минималните хардверски и софтверски побарувања за користење на услугата за десктоп апликацијата.
О:
--Pentium III процесор 500 MHz со 192 MB RAM
--Windows XP SP2, Windows Vista 32 bit, Windows 2000 SP4, Windows NT SP4
ПРИСТАП КОН УСЛУГАТА
П: Што ќе се случи ако погрешно ја внесам еднократната лозинка што ја добивам од М-токенот?
О: Ќе добиете порака за погрешно внесена еднократна лозинка и ќе треба или повторно да ја внесете истата или да изгенерирате и внесете нова еднократна лознка.
П: Што значи пораката „Погрешен активациски код“?
О: Проверете дали точно го внесовте Вашиот активациски код.
Ве молиме проверете:
--да не е вклучено Caps Lock на тастатурата
--да не е вклучена македонска поддршка.
П: Кој треба да биде форматот на мојата лозинка?
О: Лозинката треба да биде составена од минимум 8 карактери и мора да има минимум една голема букава, една бројка и еден специјален знак( ~!@#$%^&*).
П: Добив порака "Корисникот е веќе активиран"?
О:
--Активација на Вашиот профил се прави само еднаш, истиот активациски код не може да биде искористен за повторна активација.
--Пробајте да се најавите со Вашето корисничко име, лозинка и М-токен.
П: Ако го загубам или ми е украден USB-токен уредот дали некој ќе може да го користи?
О: О: Не, бидејки ќе треба да го знае ПИН-кодот за вашиот USB токен. Никогаш немојте да го запишувате ПИН-кодот на самиот УСБ токен. Сепак, вие сте должни веднаш да ја известите банката за да се блокира вашиот USB токен уред.
П: Не можам да се најавам? Порака "The page must be viewed over a secure channel"
О: Провете дали добро ја внесувате адресата на веб страната. Сите страни се отвараат преку сигурносен канал и потребно е во адресата да стои https.
П: Не можам да се најавам? Порака "The web page can not be displayed"
О:
Проверете дали имате интернет конекција.
Проверете дали добро ја внесувате адресата од веб страната.
П: Добив порака "Непознат корисник"!
О: Проверете дали точно го внесовте Вашето корисничко име:
--да не е вклучена македонска поддршка
--треба да го внесете Вашето корисничко име без било какви суфикси, како на пр. @ob, @ibank итн
П: Добив порака "Заклучен генератор"!
О: Јавете се во Банката на телефонскиот број за поддршка на корисниците 046/261-000
П: Најава со токен. Грешка „Немате авторизиран сертификат“!
О: Со помош на GemSafe Toolbox апликацијата се проверува дали го има сертификатот, ако го има се внесува пинот, се клика на Login и потоа се регистрира сертификатот со помош на копчето Register All. GemSafe Toolbox апликацијата побарајте ја во Start -> All Programs
П: Добивам порака погрешен ПИН?
О:
--Проверете дали точно го внесовте ПИН-от кој секогаш се состои од нумерички карактери
--Проверете дали ви е вклучен Num Lock
--Проверете што внесувате преку внесување на ПИН-от во notepad.
П: Добиван порака дека токенот со сертификат е блокиран...
О: Од сигурносни причини, после 3(три) погрешно внесени ПИН кодови, Вашиот сертификат се блокира. Ќе треба да го донесете кај Вашиот персонален банкар да го проследи за деблокада.
ПЛАЌАЊА
П: Каде е мојот налог?
О: Доколку имате пратено налог кон Банката, во одделот ПЛАЌАЊА -> ПРАТЕНИ НАЛОЗИ ќе може да го видите статусот на налогот.
П: Статусот е "Се праќа кон банката...", дали треба да направам нов налог?
О: Тој статус е привремен, по кратко време проверете го повторно статусот на налогот.
П: Колку време е потребно да се ажурираат моите трансакции и состојбата на мојата сметка?
О: ОБСГНет услугата Ви нуди приказ на состојбата во реално време. Тоа значи дека секоја трансакција ќе биде извршена во банката согласно терминскиот план за плаќање во земјата.
П: Како да откажам налогот?
О: Ако се уште не сте го потпишале налогот, може да не го потпишувате и да премините на друга активност. Доколку налогот ви е потпишан и пратен во Банката, ќе треба да се јавите во Банката за да го сторнирате истиот.
П: Зошто налогот е одбиен?
О: Во одделот ПЛАЌАЊА -> ПРАТЕНИ НАЛОЗИ може да го видите зошто е одбиен налогот во колоната статус на налогот.