Ве молиме почекајте...

Дополнително заштитете ја вашата сметка со двофакторна автентикација (2FA)

Симнете ја апликацијата S-Banka - мобилното банкарство на Шпаркасе Банка АД Скопје е апликација наменета за паметен телефон и/или таблет која може да ја инсталирате од кое било место со пристап до интернет со што на лесен и едноставен начин ќе имате 24-часовен пристап до сите производи и услуги наменети за физички и правни лица од Шпаркасе Банка.

Преземете и активирајте ја апликацијата S-Banka преку следните линкови:

Clickable Image Clickable Image

Процесот за активирање на апликацијата за мобилно банкарство е изводлив преку следниве две опции:

  1. Активација со Идентификација преку OneID
  2. Активација со активациски кодови добиени на ЅМЅ и email

Активација со Идентификација преку OneID

За активирање на апликацијата за мобилно банкарство со Идентификација преку OneID потребно е да корисникот ја инсталира засебната OneID апликација како и да има креирано дигитален идентитет преку процесот на OneID.Најавата со OneID е овозможена само доколку сте регистрирани на апликацијата со лична карта.

Со инсталирање на С-банка апликацијата корисникот го започнува процесот на активација преку опцијата OneID и По успешната идентификација потребно е да внесете нов ПИН за најава и да го потврдите истиот.

Преземете и активирајте ја апликацијата OneID преку следните линкови:

Clickable Image Clickable Image

Чекори за активација на S-banka преку опцијата за идентификација преку OneID

Притиснете на копчето Најава

Од понудените начини на регистрација притиснете на опцијата OneID Верификација

Од понудените опции изберете го каналот кој сакате да го активирате

Следен чекор е да се даде согласност за избраниот канал и се селектира опцијата се согласувам и се притиска на Продолжи

Внесете го Вашиот матичен број, и притиснете на Продолжи

Внесете ја e-mail адресата со која сте регистрирани на OneID и притиснете на Продолжи

Внесете ја лозинката со која сте регистрирани на OneID и притиснете на Најавете се

Притиснете на копчето Се согласувам

Испратена е нотификација на OneID

Отворете ја нотификацијата која ја добивте од OneID апликацијата

Притиснете на копчето Одобри и вратете се на S-Banka апликацијата

Откако ќе го одобрите барањето се појавува екран за креирање на ПИН код кој во иднина ќе го користите за најава на апликацијата S-Banka

По успешно креираниот ПИН код, добивате пристап до S-Banka апликацијата

Активација со активациски кодови добиени на ЅМЅ и email

За активирање на апликацијата за мобилно банкарство преку опцијата Активациски кодови / Експозитура потребно е да посетите некоја од најблиските експозитури на Шпаркасе Банка. По поднесеното барање за активација, ќе добиете кодови за активирање на апликацијата S-Banka, односно СМС порака со Активациски код 1 и e-mail порака со Активациски код 2 кои треба да се внесат во апликацијата. По успешната активација потребно е да внесете нов ПИН код за најава и да го потврдите истиот.

Притиснете на копчето Најава

Од понудените начини на регистрација притиснете на опцијата Активациски кодови / Експозитура

Во полето Активациски код 1 (СМС), внесете го кодот кој го добивте на СМС порака. Во полето Активациски код 2 (e-mail), внесете го кодот кој го добивте на Вашата e-mail адреса.

Откако ќе ги внесете двата кодови се појавува екран за креирање на ПИН код кој во иднина ќе го користите за најава на апликацијата S-Banka

По успешно креираниот ПИН код, добивате пристап до S-Banka апликацијата

Copyright © ASSECO South Eastern Europe 2024