Што е мТокен?
НЛБ мТокен е софтверска апликација која се инсталира и користи преку мобилен телефон
а служи за идентификација на корисникот и потврда на трансакцијата во системот за
електронско банкарство за физички лица на НЛБ Тутунска банка на Интернет страната
www.nlbklik.com.mk.
Својата примена ја наоѓа во електорнското банкарство и телефонското банкарство,
e-Commerce. Разликата е во тоа што М-токенот е инсталиран на мобилниот апарат и
со тоа е попрактичен и подостапен за користење.
Регистрација и инсталација
За да може да ја користите НЛБ мТокен апликацијата потребно е да пополните
формулар за регистрација
и да го доставите во која било експозитура на НЛБ Тутунска банка.
После пријавата на Вашиот email ќе ја добиете
едната половина од активацискиот код, а на СМС втората половина од истиот, кој служи
за генерирање на PIN при првата најава.
При првата најава на апликацијата потребно е да се внесе активацискиот код и потоа
ќе ви биде понудена можност за внес и потврда на PIN-от, кој ќе се користи во сите
идни најави на NLB TB Токен апликацијата. Пристапот до Интернет е потребен само
при преземањето на апликацијата, активацијата (првото најавување на апликацијата)
и при промена на PIN-от. После преземањето и активацијата на апликацијата не е потребен
Интернет – со тоа НЛБ мТокен апликацијата е достапна насекаде во светот без трошоци
за Интернет.
Сигурност
НЛБ мТокен апликацијата се користи за истата намена како и хардверскиот токен
и нуди еднакво ниво на сигурност, со тоа што и апликацијата како и хардверскиот
токен, е заштитена со PIN број кој единствено е познат на сопственикот на мобилниот
телефон. PIN-от за пристап на апликацијата може да се промени во секој момент. Исто
така, НЛБ мТокен апликацијата автоматски се гаси после 3 минути неактивност.