Што е ОТР токен ?

Со помош на Todos E-code Signature читачот на платежни картички со чип, Ви се овозможува сигурна најава на корисникот на страната за електронско банкарство за население на NLB Тутунска банка АД Скопје.
Со користењето на VISA Electron чип картичката заедно со Todos E-code Signature достaпни се следнитe функции: OTP – Креирање на лозинка за едно најавување SIGN – Креирање на електронски потпис, со Challenge/Response постапка Овие функции го прават Todos E-code Signature погоден за користење на услугите на електронско банкарство и електронска трговија и други услуги каде е потребна сигурнусна најава преку интернет.
НАПОМЕНА Не ја чувајте картичката во Todos E-code Signature читачот кога не ја употребувате (батеријата на читачот се троши помалку). Внимателно внесете го вашиот PIN кога користите OTP, бидејќи 3 погрешни обиди ја заклучуваат картичката и таа повеќе не може да се користи за сигурносна најава. За деблокада на картичката портебно е да се провери состојба на банкоматите на NLB Тутунска банка.
КРЕИРАЊЕ НА ОТР Со скролување на горното копче после вметнувањето на VISA Electron картичката во читачот одберете OTP. Потврдувате со тастерот лево од екранчето. Потоа внесете го Вашиот PIN од картичката (го користите PIN-от кој се користи на банкомат) исто така со скролување на горното копче и притискање на страничното копче за потврда на бројот. Ако PIN-от е точен на екранот ќе се појави изгенерираниот OTP кој треба да го внесете на НЛБ Клик