Уплата на постепено штедење

Доколку сте корисник на услугата на Постепено штедење на НЛБ Тутунска банка, отсега, уплатите на партијата за постепено штедење можете да ги направите и преку страната за Е‐Банкарство за Население на НЛБ Тутунска банка – www.nlbklik.com.mk.
За да направите трансфер на средства од Вашата трансакциска сметка на Вашата штедна сметка од тип – постепено штедење, од менито плаќање одберете Интерна трансакција. Потоа одберете ја сметката на Вашата штедна книшка и внесете го износот кој сакате да го уплатите. За овој вид на уплата постои минимален износ на трансакција 15 EUR или 1000 ден.
За да може да ги извршите овие плаќања, потребно е да бидете пријавен корисник на електронското банкарство со избран пакет макси клик со право на трансакции, што подразбира да поседувате VISA Electron картичка на НЛБ тутунска банка и хардверски уред ‐ USB Tокен
КРЕИРАЊЕ НА ОТР Со скролување на горното копче после вметнувањето на VISA Electron картичката во читачот одберете OTP. Потврдувате со тастерот лево од екранчето. Потоа внесете го Вашиот PIN од картичката (го користите PIN-от кој се користи на банкомат) исто така со скролување на горното копче и притискање на страничното копче за потврда на бројот. Ако PIN-от е точен на екранот ќе се појави изгенерираниот OTP кој треба да го внесете на НЛБ Клик